Авионот на соларен погон, кој се наоѓа на пат околу светот, слета изутрината во Калифорнија, откако успеа да го прелета Тихиот Океан, јавија американски медиуми.
Пилотот Бертран Пикар го приземји авионот „Солар импулс 2“ по 62 часа непрекинат лет без земање на гориво.
Авионот го почна својот пат околу светот во март 2015 година од Абу Даби, престолнина на Обединетите Арапски Емирати, а слетуваше во Оман, Мјанмар, Кина и Јапонија.
Соларниот авион ќе се обиде да ја прелета Земјата со цел промоција на еколошки чиста енергија.