Сок од лубеница и портокал

Од:

Нека денешниот избор ви биде овој летен освежителниот пијалок. Комбинација од блага лубеница и помалку кисел порокал. Овој сок е здрав (ако го подготвите без засладувач), вкусен и брзо се подготвува. Одличен пијалок кој најубаво е да си го подготвите откако ќе завршите со работните обврски.

Потребно е:
500 гр
 лубеница
1 голем портокал
4-5 ливчиња свежо нане
неколку коцки мраз

Подготовка:
– Лубеницата исечете ја на парчиња и внимателно извадете ги семките.

– Портокалот излупете го и исцедете го, а може и да го ставите цел во блендер.

– Сите состојки за овој сок ставете ги во блендер. Миксајте додека да се соединат сите состојки и да добиете течност. Ако сакате, сокот може да го прецедите.

– Сервирајте со ливчиња свежо нане и коцки мраз.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски