Едно 23-годишно момче од Турција со жилет ги сече сопствените раце, гради и стомак за да ја излие крвта во чашка и да ја испие, а тамошните лекари објаснуваат дека пациентот страда од „вампиризам“, пушува „Дејли Меил“.
Тој наводно станал толку зависен што крвта му треба колку и кислородот, а освен од сопственото тело, момчето го наговорил својот татко да му набавува крв од банките за крв.
Дури и полицијата неколку пати го уапсила за напад на луѓе откако неколкумина ги изгризал и прободел со нож за да дојде до крв.
Лекарите додаваат дека тој страда од сериозно нарушување, од подвоена личност и губење на помнењето, а поради конзумирање на крв често има и напади. Овој Турчин инаку е првиот човек кој страда од вампиризам.
Момчето почнало да пие крв откако бил сведок на убиството на пријателот, а набрзо потоа му починала четиригодишна ќерка и му го убиле вујкото.