Доколку вашата брендирана гардероба боде очи, јадете многу малку во ресторан за да ја здржите витката линија, се смеете на цел глас, се само дел од работите со кои нема да го освоите посилниот пол.
Можеби мислите дека се знаете за игрите за заведување и за тоа што мажите најмногу ги привлекува, но за секој случај проверете уште еднаш колку добро го познавате посилниот пол. Не дозволете тоа да заврши лошо за некои работи кои ги сметате за ваши јаки страни, а тие ги гледаат како недостатоци.
Госпоѓица фенси
Прада, Гучи, Шанел вие просто упаѓате во очи со цела таа гардероба на познати модни брендови. Во голем број случаи, мажите немаат поим со каква торба мавтате наоколу, и тој не се грижи премногу. Тој не го интересира која марка чевли носите. Не го привлекува брендот на облеката која ја носите туку вашата личност. Секако дека треба да изгледате атрактивно, затоа што секој маж како да има радар за убави жени, па не може да не ја забележи. Но, морате да покажете став, а не да бидете робинка на модата.
Госпоѓица „луда сум по спортот“
Ако не сте заинтересирани за неговиот омилен фудбалски или кошаркарски тим, тоа сосема е во ред, ќе го преживее тоа тој. Но, ако спортот го сфаќа серизоно, а вие секогаш ги мешате имињата на играчите, навивајте за друг тим или во текот на мечот поставувате разни прашања, тоа нема да му биде симпатично, туку ќе му оди на нерви. Ќе му биде мило ако уште во првиот ден му дадете до знаење дека спортот не ве интересира.
Госпоѓица „не јадам“
Немојте по вечерата дома да си одите гладни само затоа за да избегнете малку неред при конкретниот оброк. Исто така, исфрлете од глава да се фалите на луѓето дека малку јадете и дека секогаш сте на некоја диета, и дека треба и вие така да правите. Нарачајте чизбургер ако ви се јаде, не се грижите за сосот на вашите образи, ако тоа се случи – избришете се или уште подобро дозволете тој да го избрише. Само обидете се да не зборувате додека ја џвакате храната, тој никој не го импресионира.
Госпоѓица „високо образована“
Тој нема да зе заљуби во вашата диплома, туику во вашот ум. Но, немојте погрешно да разберете, му се допаѓа вашето високо образование, тоа е импресивно и привлечно и не би требало да премолчите, затоа што таквите работи се за пофалба. Сепак, ако вашите дипломи е единствено за што зборувате, заради тоа нема далеку да стигнете. Не дозволите тоа да биде главна тема на вашите излегувања.
Госпоѓица „гласно се смее“
Мажите сметаат дека уште полошо од лоша шега е лицето кое се претвора дека нешто и е смешно и гласно се смее. Смеењето е слатко, но претворање дека вас ве забавува и тогаш кога не е така ќе го натера да се чуствува бедно. Мажите не се совршени знаат кога ќе направат погрешен потег. Нека вашите интеракции бидат искрени, тоа е најдобро за двете страни.
Госпоѓица „знам се“
Има нешто секси во амбициозните жени со успешна кариера. На мажите тоа им се допаѓа. Но, кога ја мешате работата и задоволството прерано во врската, тоа е проблем. Мажот ве сака вас, а не вашата кариера. Не е пожелно три часа да зборувате за вашата работа и маните на колегите. Сменете ја темата.
Госпоѓица „свесна сум за своето тело“
Покажете му дека имате многу повеќе да понудите од совршен изглед. Нема ништо лошо во тоа ако женара сака да ги нагласи своите облини, но имајте на ум дека е тенка границата меѓу примамливото и невкусот.
Госпоѓица „премногу информации“
Да, мажите ги интересира вашата животна приказна, но не сакаат да слушаат се во една вечер. Отвореноста е добредојдена, но да се открие се веднаш на почетокот и не е баш привлечно. Задржете ја таинственоста, тоа неговата фантазија ќе ја држи активна.
Госпоѓица „убавица“
Дали некогаш сте се запрашале зошто мажите често приоѓаат на жени кога тие мислат дека се во најлошо издание? На мажот жената понекогаш е најпривлечна кога е во нејзиното природно издание. Убавината не може да се скрие под разната гардероба или подочниците. Жената не мора на лицето да има фасада од шминка за да го привлече посилниот пол. Сочувјате го секси гламурот за некои посебни прилики со него.