Со помош на овие трикови ќе изгледате како филмска ѕвезда

Од:

Точно е дека сите немаме милиони кои би ни помогнале да изгледаме беспрекорно, но со примена на овие неколку совети, многу е можно да се приближите до саканиот идеал…

Блескави очи
Уморни сте и ненаспани? Овој мал трик ќе ви помогне да ги сокриете подочниците. Нанесете тенка линија на сива или беж сенка за очи под долните трепки. Со тоа же ги неутрализирате синкастите или модри нијанси под очите.

Блескав тен
Заборавете на микродермоабразијата и хемиските пилинзи. Со додавање на мала количина на металик сенка за очи во лосионот за лице, за неколку секунди ќе изгледате подготвено за црвен тепих!

Бронзен сјај
Истакнете ги јагодиците со нанесување на бронзена пудра. Вашето лице ќе ги добие вашите контури и длабочина и ќе изгледате попривлечно.

Изедначете го тенот
За вашето лице да изгледа како лице на модел, обавезно користете четки и сунѓети при нанесување на пудра, а никако прсти. Со тоа рамномерно ќе ја распределите и лицето ќе изгледа помеко.

Природна боја на усните
Не трошете пари на скапи кармини со боја на кожа, едноставно натопете сунѓерче за шминкање во малку подлога за лице и нанесете ја на усните. Оставете неколку секунди да се исуши, а потоа нанесете проѕирен сјај. Ќе изгледате совршено.

Прекрасни веѓи
Сите знаеме колку е важно како се обликувани веѓите и колку нивниот облик влијае на целиот изглед на лицето. Ако сте претерале со чупање или не се полни колку што сакате да бидат, не трошете пари на скапи производи наменети специјално за веѓи. Со нанесување на маскара на неизедначените места ќе постигнете исто добар ефект.

Играјте си со нијанси на кармини
За да не купувате нови кармини, помешајте две или повеќе нијанси на тие што веќе ги имате дома. Има безброј можности!

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска