Со новата песна „Можеш ли без мене“ Теа го најавува својот прв албум

Од:

Освен што 2016-та година е престапна и 29-ти февруари ќе го имаме дури за 4 години, специфичното за овој месец е тоа што тој започна и завршува со понеделник. Тоа значи дека оваа година во февруари имаме дури 5 понеделници, а вакво нешто ќе имаме дури за 28 години.

Токму на овој несекојдневен понеделник младата пејачка Теа Трајковска на јавноста ѝ ја претставува својата нова песна „Можеш ли без мене“. Имено, овој нов сингл доаѓа по успешниот хит „Доста Глумиме“ со кој Теа минатата година ја освои наградата на МАРС, Ѕвезда што се раѓа.
tea.jpg

„Можеш ли без мене“ е авторско дело на Теа Трајковска, која го напиша текстот на песната во соработка со Магдалена Цветковска Ена, додека музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а мастерот на Раде Врчаковски Врчак.

„По повод овој несекојдневен датум јас решив на сите да им подарам една лична приказна преточена во песна и притоа да им посакам убав почеток на месецот март, кој започнува утре. Со „Можеш ли без мене“ го најавувам мојот прв албум кој треба да излезе до крајот на оваа година“, изјави Теа.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ