Луѓето кои се во брак имаат 50 отсто помали изгледи за дебелеење, покажуваат наодите собрани од 270 испитаници со дијабетис од типот 2, пренесоа медиумите.
Бракот во истражувањето на јапонските научници од универзитетот во Јокохама е поврзан со помал ризик за метаболички синдром, комбинација на меѓусебно поврзани фактори на ризик како превисок крвен притисок, или превисока концентрација на шеќер во крвта.
Според податоците собрани од 2010 до 2016 година, луѓето кои се во брак имаат просечен индекс на телесна маса 24,5, а самците 26,5.
Индексот на телесната маса ја мери телесната маса изразена во килограми и квадрат од висината изразена во метри.
Идеалниот индекс на телесната маса се смета вредноста под 25 бодови.
Се покажало и дека ваквиот ефект од бракот е еднаков за двата пола.