Смислата за хумор децата ја добиваат од родителите

Од:

Бебињата веќе во шестиот месец учат да се смеат, а смислата за хумор ја попримаат од родителите, односно се смеат на истите работи на кои се смеат мајката и таткото, покажа неодамна спроведеното истражување.

Научниците докажале дека децата на возраст од шест месеци до една година гледајќи ги реакциите на родителите учат што е навистина смешно.

Во истражувањето, кое го спроведоа научниците од државниот факултет Џонсон и Универзитетот Др. Џон Спероу во Њу Хемшир во Америка, учествуваа 30 деца и нивните родители. Следено е како реагираат на нормални и апсурдни случувања.

Прво на децата и родителите им е покажана сликовница и црвена топка, а потоа со книгата фрлале по истражувачите и топчињата ги ставале на нос. Едната група на родители се смееле на тоа, а други без никаков израз го следење случувањето. Утврдено е дека бебињата постари од шест месеци пред да реагираат прво внимателно го следат изразот на лицата на своите родители, додека децата до шест месеци апсурдните случувања ги следат со чудење без оглед на реакциите на родителите.

Научниците истакнаа дека децата следејќи ги внимателно своите родители и нивните реакции развиваат софистицирана смисла за хумор.

– Децата на возраст од една година, според се судејќи, веќе почнуваат да размислуваат, односно барем разбираат што е навистина смешно, а што не, рече др. Гина Миреаулт, водителка на студиите.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските