Слушањето на Бетовен го намалува крвниот притисок и го штити срцето

Од:

Британски научници дошле до заклучок дека слушањето на познатата Деветта симфонија на Лудвиг ван Бетовен го намалува крвниот притисок и го штити срцето.

Нотите од третиот став на оваа композиција делуваат толку смирувачки што крвниот притисок се намалува, а со самото тоа се штити и срцето од болести, утврдија научниците од Оксфорд.

Поголемиот број од испитаниците веднаш почувствувале опуштање, а иако нема конкретни докази дека музиката може да лечи, научниците кои што се занимваа со ова прашање го утврдиле благотворното дејство на музиката. Истите научници од универзитетот во Оксфорд, претходно дошле до заклучок дека песните на бендот Ред Хот чили пеперс го зголемува бројот на срцеви отчукувања.

Досега постојат неколку истражувања според кои музиката на Вофганг Амадеус Моцарт има благотворно и смирувачко дејство.

Би можело да ве интересира

Во Охрид ќе се одбележат 250 години од раѓање на Лудвиг ван Бетовен

Ана Ололовска

Германско село организира протест со музиката на Бетовен

Ана Ололовска

Довршена Бетовеновата „Десетта симфонија“

Ана Ололовска