Кон почетокот на следниот месец се очекува снимање на првите кадри од мини серијалот за првиот претседател на Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ, која на турската публика би и бил претставен за неколку месеци.
Животот на Алија Изетбеговиќ ќе биде претставен во серијал од шест епизоди.
Сценарист е писателот Ахмет Тезкан, режисер е Ахмед Имамовиќ, а улогите ќе ги играат турски и најверојатно и босанско-херцеговски актери.
Премиерата е планирана за оваа година, а потоа епизодите ќе бидат прикажани на турската државна телевизија ТРТ.
Серијата „Алија“ не е серија која го прикажува Алија Изетбеговиќ како политичар, туку е серија која сака да го покаже Изетбеговиќ како татко, родител, ривал во партија шах, но и противник на преговарачка маса.
Сите снимања ќе се случуваат во Босна и Херцеговина.