Секој сопственик ќе се сеќава на својата мачка, но само на неколку мачки ќе се сеќава целиот свет.
Таков е случајот со Томбили, угинатата турска мачка, чии фотографии додека позира во седечка поза го обиколија светот. Неодамна е поставена статуа на овој мачор на неговото омилено место за седење.
Томбили стекна светска слава откако случаен минувач го фотографирал како целосно опуштено, како човек, седи и ја набљудува околината во Истанбул.
Набрзо стана легенда на интернет, а кога во август почина, локалните власти одлучија да го овековечат со бронзена статуа на неговото ѕидче.
Случајност е што статуата ќе биде претставена токму денеска на светскиот ден на животните.