Слатки полнети корпички

Од:

Ќе ги воодушевите вашите домашни …

Потребно е за 12 корпички:
4 јајца
200 мл вода
100 мл масло
1 лажица шеќер
200 гр остро брашно

за филот:
2 пудинга од ванила
500 мл млеко
5 лажици шеќер
100 гр мелени Плазма бисквити
250 мл слатка павлака
карамел прелив

Подготовка:
– Во сад на рингла ставете ги водата, маслото и шеќерот и оставете да провријат.

– Додадете го брашното и мешајте додека тестото не почне да се одвојува од ѕидовите на садот. Оставете да се излади и изматете го со миксер. Додадете ги јајцата, едно по едно, со постојано матење додека да добиете хомогена смеса.

– Смесата поделете ја на 12 делови. Со намастени раце прво секој дел обликувајте го како топче, а потоа со дланките притиснете.

– Ставете ги во калап за мафини така што ќе ги обликувате како корпички.

– Печете ги во загреана рерна на 250 целзиусови степени 15 минути. Отворете ја рерната и оставете да се изладат.

– Извадете ги од калапот и средината притиснете ја надоле.

– За филот, во сад на рингла ставете 400 мл млеко и шеќер и оставете да проврие. Остатокот од млекото измешајте го со прашокот за пудинг и сипете го во провриеното млеко. Со мешање варете го пудингот додека да се згусне.

– Оставете да се излади, а потоа додадете ги мелените бисквити.

– Изматете ја слатката павлака. Половина додадете ја во филот, а остатокот сочувајте го за декорирање.

– Во корпичките сипете од филот, а пота декорирајте со изматената слатка павлака. Можете да додадете и овошје по желба. На крај прелијте со карамел преливот.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски