Вкусно и фино …
Потребно е:
300 мл слатка павлака
3 жолчки
75 гр шеќер
1 стапче ванила
50 гр чија семки
Подготовка:
– Ставете да се вари 100 мл слатката павлака, шеќерот и стапчето ванила на умерена температура. Оставете по малку да врие околу 1 минута.
– Тргнете го садот на страна и додадете ги трите жолчки и преостанатата слатка павлака со постојано мешање. Вратете го садот на рингла околу пола минута. Внимавајте да не почне да врие.
– Потоа додадете ги чија семките, полека измешајте и оставете смесата да се излади.
– Оваа смеса ставете ја во машина за сладолед, а ако немате машина тогаш убаво изматете ја со миксер.
– Сладоледот ставете го во замрзнувач најмалку 12 часа убаво да се стегне.