Скулптура премногу сексуално експлицитна за Фејсбук

Од:

Изгледа цензурата на Интернет достигна ново ниво на апсурд. Имено, Фејсбук, неодамна забрани фотографија на данската скулптура „Мала сирена“ и тоа само затоа што таа – нема облека.

Забранетата скулптура ја направи Едвард Ериксен, а се наоѓа на брегот на Копенхаген од 1913 година, од кога е една од главните туристички атракции на овој град.

Надлежните од Фејсбук велат дека на таа мрежа не е дозволено објавување сексуално експлицитни фотографии што содржат голотија.

Скулптурата „Мала сирена“ е очигледно премногу „необлечена“ за Фејсбук, рече данската министерка Мете Гјерков, која многу пати безуспешно се обиде да ја прикачи фотографијата на оваа социјална мрежа.

Од Фејсбук велат дека не дозволуваат разголени фотографии бидејќи со тоа можат да навредат некои од корисниците на оваа мрежа. Така на пример женски брадавици не е можно да се видат на Фејсбук, освен ако на фотографијата е мајка која дои дете.
Овие правила важат и за уметнички дела.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ