Списанието TV guide состави листа на 10 најдобри цртани серии на сите времиња, на која првото место го зазеде култното семејство Симсон.
Јунаците на Мет Гренинг-Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги, чии авантури се прикажуваат на телевизијата од 1987 година, на овој начин добија уште едно ласкаво признание.
На второ место се најде уште едно прославено анимирано семејство, праисториското семејство Кременко, а на третото место е лудото друштво „Lonney Tunes“.
Четвртото и петто место го зазедоа две симпатични кучиња, „Снупи“ и „Скубиду.