Доколку се каете поради раскинувањето на врската и се уште имате чувства кон поранешниот дечко ова се сигурни знаци и дека тој се уште е загреан за вас.
1. Се уште нема девојка
Доколку вашиот поранешен дечко веднаш по раскинувањето на врската не нашол адекватна замена голема е веројатноста дека се уште не е подготвен да продолжи понатаму.
2. Редовно ви испраќа пораки
Ако поранешниот дечко редовно ви испраќа пораки, ве бара и се обидува на сите начини да ја одржи комуникацијата со вас, на тој начин повторно да се зближите.
3. Сака средба
Нормално е поранешните партнери да се гладаат посебно ако раскинувањето на врската било безболно. Но, ако секој пат се обидува да договори состанок на „вашето“ омилено место, тогаш тука нешто е сомнително.
4. Постојано ги следи вашите активности на социјалните мрежи
Доколку постојано ве следи на социјалните мрежи, ви испраќа пораки, песни и сличнио содржини, тогаш поранешниот дечко сигурно не ве заборавил и чека повторно да биде со вас.
5. Пресреќен е кога ќе ве види
Доколкусе сретнете случајно, а тој не може да го скрие возбудувањето тогаш сигурно се уште има чувства кон вас.
6. Ве бара кога му треба помош
Дали поранешниот дечко ве бара кога мутреба помош? Тоа е најсилен доказ дека се уште ве сака и оти ви верува повеќе отколку на другите.