Неодамнешно истражување покажа дека должината на вашата коса влијае на перцепцијата на другите луѓе за тоа колку сте интелигентни, а согласно тоа, колку е косата покуса другите ве сметаат за попаметни.
Судејќи според резултатите на неодамнешното истражување на Универзитетот Јеил, женската фризура и тоа како влијае на тоа како луѓето ја перцепираат, па кусата коса би била синоним за поголема интелигенција.
Авторката на студијата, Маријен Ла Франс на своите испитаници покажала пет посебни фотографии на иста жена, со тоа што на секоја од нив жената имала различна фризура, од најдолга коса до ќелава глава. Секоја фотографија испитаниците морале да ја оценат посебно во неколку категории, т.е. морале со број да дадат своја оценка за интелигенцијата, здравјето и великодушноста на тоа лице.
Резултатите покажале дека традиционалната женска фризура со долга коса во очите на испитаниците индицирала најмалку интелигентна жена. Со други зборови, колку жената била поженствена, толку во очите на испитаниците била поглупава. Жените со куса коса, пак, оддавале впечаток на попаметни жени.