Не постојат магични таблети со помош на кои се ќе биде совршено. Меѓутоа, помага доколку знаете што е ефикасно, а што не е, што треба да правите, а што не. Ви претставуваме осум работи кои не би требало да ги правите додека сте на диета.
Прескокнувањето на оброците нема да ви помогне во губењето на тежината. Напротив, тоа е многу штетно за телото. Јадете повеќе помали оброци наместо неколку обилни.
Не исклучувајте ги јаглехидратите од своите оброци. Тие се потребни за правилно функционирање на мозокот. Влакната исто така се многу битни за севкупното здравје.
Не изгладнувајте се. Поради тоа ќе бидете сонливи, непривлечни и нерасположени.
Изгладнувањето може да доведе дури и до инфаркт.
Не тренирајте подолго од еден час во текот на денот. Без оглед на тоа колку силно сакате да ги изгубите килограмите не форсирајте се премногу. Еден час вежбање е сосема доволен, посебно ако сте на диета.
Одредете си адекватен режим за тренирање. Иако не треба да тренирате напорно за време на држењето диета, тоа никако не значи дека треба во потполност да ги занемарите физичките активности затоа што се чувствуате исцрпено.
Не смеете да си поставувате нереална цел. Размислувајте за реални цели за губиток на тежината. Одете постепено од помало кон поголемо.
Не мерете се секој ден, бидејќи тоа сигурно дополнително ќе ве обесхрабри.
Тежината кај жените може мошне да варира во текот на неколку денови, посебно за време на предменструалниот синдром (ПМС) или во првите денови од менструацијата.
Не земајте туѓи лекови и таблети, ако тие помогнале на некој друг, тоа не значи дека ќе ви помогнат и вам. Задолжително посоветувајте се со својот лекар, бидејќи вашиот организам можеби функционира и реагира на потполно поинаков начин.