Шопинг центар во Шангај доби тобоган висок пет ката

Од:

Стоковната куќа „Принтемпс“ во Шангај може да застане рамо до рамо со француските стоковни куќи, и по уредувањето и по брендовите и по услугите. Сепак, и покрај тоа, продажбата од месец во месец незапирливо и опаѓа.

Во обид да привлече нови потрошувачи, управата на стоковната куќа одлучи да воведе една несекојдневна маркетиншка новина, пишува news.com.аu.

Резултат на последниот деловен состанок е пет ката високиот тобоган во форма на змај, што во употреба ќе биде пуштен во март. Спуштањето низ тобоганот нема да се наплатува.

И покрај тоа што бројни корисници на социјалните мрежи искажаа загриженост во поглед на безбедноста на децата, сметајќи дека децата при спуштањата можат да се повредат, па дури и да настрадаат, надлежните служби наведуваат дека поставувањето на тобоганот не бара официјална инспекција бидејќи не спаѓа во категоријата „специјална опрема“, пишува весникот „Шангај дејли“.

Тие наведуваат дека управата на стоковната куќа ќе го тестира тобоганот пред неговото отворање за јавноста, за да се увери дека е безбеден за употреба.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ