Шокантно британско реално шоу: Живеат голи и без материјални добра

Од:

Британската телевизија „Канал 4“ започна со емитување на реално шоу наречено „Life Stripped Bare“, во кое петмина учесници мораат да се откажат од сите материјални добра, вклучително и од облеката.
На стартот на шоуто петмината учесници целосно голи беа затворени во стан во кој имаа само топла вода, тоалет хартија и основни намирници за преживување. 

– Ми се преврти стомакот кога видов како комбито ги носи сите мои работи, изјави учесничката на шоуто Хајди Меј.

Со исполнување на секојдневни задачи учесниците на шоуто можат да добиваат назад по еден материјален предмет, но првите два дена морале да спијат голи на под.

Како што јави „Дејли Мејл“, кога добиле можност да си повратат некои од предметите, учесниците почнале рационало да го бараат она што навистина им е потребно. Така Хајди прво побарала платно за да може да си направи облека, потоа душек, па кредитната картичка, а потоа лонец, панаталони и на крајот тренерки. 

По ваквото искуство, учесниците на шоуто изјавија дека станале свесни оти метријалните предмети не се најважни и дека вистинско богатство претставуваат пријателите и семејството.

Би можело да ве интересира

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ