Шмит продава половина од акциите во Гугл

Од:

Претседателот на одборот на директори на Гугл, Ерик Шмит, планира да продаде 3,2 милиони од акциите од класата А, што е 42 отсто од неговите акции во компанијата. За овие акции тој може да добие околу 2,5 милијарди долари.

Во петокот при затворањето на трговијата, една акција на Гугл се продаваше за 785,37 долари, што е покачување за 11,42 долари. Во текот на денот цената на акциите стигна и до 786,67 долари, што е највисок показател од август 2004 година.

Пред две години Шмит ја напушти функцијата генерален директор на Гугл, а на негово место дојде Лари Пејџ. Шмит сепак остана во компанијата како претседател на одборот на директори и активно учествува во работата на корпорацијата. Неодамна тој го посети Пјонгјанг, по што Северна Кореја се појави на Гугл Мапс.

Според Гугл плановите на Шмит да продаде дел од својот пакет акции се дел од неговата долгорочна стратегија за диверзификација на средствата.

Акциите ќе се продаваат во текот на целата година да се намали влијанието на овој потегот на берзата. Инаку Шмит во моментов има 7,6 милиони акции од класа А и класа Б, што претставува 2,3 отсто од издадените акции на Гугл и 8,2 отсто од правата на глас.

Според „Форбс“ Шмит во моментов има околу 6,9 милијарди долари и е на 138-то место на листата на најбогатите луѓе на светот.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска