Шест знаци дека вашиот брак ќе трае

Од:

Добар брак е еден од најголемите предизвици со кои некогаш ќе се соочите, но ако вашата врска има барем еден од овие шест знаци, на добар пат сте.

1. Пред се сте пријатели

Добрите двојки го доживуваат својот партнер како најдобар пријател, а таа врска ја зацврстуваат токму интерните шеги кои меѓусебно ги споделуваат, макар тоа да се и секојдневни ситни нешта. Дури и ако со годините романтиката во врската бледее, вашиот партнер и понатаму е личноста која прва ќе ја повикате кога сакате да раскажете некој „трач“ или поделите некое интересно воочување.

2. Не инсистирате на стриктна поделба на обврските

Најбитно е двата партнери да учествуваат во домашните работи, но тоа не значи дека морате да броите кој повеќе миел садови таа недела. Не морате се да делите на пола за да бидете добра двојка, затоа што следењето на резултатот секако може да нервира. Вие двајца припаѓате на иста екипа и секогаш можете да разговарате ако премногу сте затрупани со работа.

3. Го изненадувате го партнерот

Не е добар знак ако партнерот го познавате така што вас ништо повеќе не може да го изненади. Секако дека не е добро да имате сериозни тајни, но понекогаш можете да задржите мали работи за себе и така пријатно да го изненадите вашето сакано лице.

4. Знаете да кажете „извини“

Немојте ништо да чувате во себе, затоа што кавгата е здрава. Лутењето е здрава емоција, но важно е да одржувате разумно ниво на конфликт. Вашата врска е сигурна се додека двајцата знаете да се извините и да ја надминете караницата и тоа што побрзо.

5. Во добро и во лошо

Целосно сте лојални, имате поддршка од партнерот и верувате во ветувањата кои сте ги дале на венчавањето. Доколку успеете заедно да ги пребордите најтешките моменти, не постои страв дека вашата врска не е доволно силна, затоа што токму тоа докажува дека сте.

6. Се забавувате

Можеби со тек на време сте се опуштиле пред партнерот, но чувањето ентузијазам од почетокот на врската е важно за добар брак. Не морате да изведувате вратоломии, но борбата против апатија и рутина секако е потребна за во врската да ви биде забавно.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ