Шест производи кои штитат од болести

Од:

Кога се зборува за здравјето, имунитетот и се што е потребно за тоа да се одржи, повеќето луѓе не сакаат да слушаат, мислејќи дека се во прашање исклучително комплексни совети. Но постојат шест производи кои можат да обезбедат долг живот и одлично здравје.

– Спречувањето на разни видови болести, како што е ракот, или срцеви заболувања не е толку комплицирано како што мислат луѓето. Всушност многу е едоставно, истакнува доктор Џоел Фурман, автор на книгите „Јадете за да живеете“ и „Супер имунитет“.

Зелениот зеленчук со листови, како што е салатата или блитвата, треба да се јаде почесто, по можност секој ден барем двапати. Овој зеленчук е богат со здрави состојки кои спречуваат голем број болести, вклучувајќи ги и најопасните.

Боранијата и грашокот се хранливи густи јаглени хидрати кои имаат многу влакна. Тие го стабилизираат шеќерот во крвта, а многу истражувања покажуваат дека грашакот може да го намали ризикот од рак на дебело црево, како и други видови на канцер.

Сите видови кромид можат да се наречат „супер храна“. Лукот има висока концентрација на флаваноид, кој одлично влијае на имунитетот и спречува создавање на најразлични видови болести. И белиот и црвениот кромид имаат соединенија кои делуваат антиканцерогено, а кај луѓето кои имаат рак го спречуваат создавањето на нови канцерогени клетки.

Печурките содржат хранливи материи кои му помагаат на организмот да се бори против воспаленија, спречуваат оштетување на ДНК и уште многу друго. Притоа, докажано е дека состојките кои можат да се најдат во печурките доведуваат до намалување на ризикот од добивање рак на дојка и на матка.

Зрнестото овошје го има во многу бои, бидејќи содржи антиоксиданси, како што е флаваноидот. Истражувањата докажале дека зрнестото овошје ја зголемува мозочната сила, спречува појава на рак и го намалува крвниот притисок.

Семките од тиква, сончоглед или било кои други, се исклучително здрави производи. Тие се богати со белковини и минерали. Мнгу од нив содржат омега 3 масни киселини, калциум, железо и цинк. Посебно се истакнува ленот, кој им се препорачува на жените, имајќи предвид дека неговите состојки спречуваат разни женски болести.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава