Властите на шест европски држави за заштита на личните податоци, меѓу кои е и Француската Национална комисија за информатика и слобода (ЦНИЛ), одлучија да започнат репресивна акција против „Гугл“ за непочитување на заштитата на личните податоци.
Причина за акцијата е фактот што пребарувачот не смени ништо за заштита на доверливоста на податоците и покрај барањата на власта, пренесуваат француските медиуми.
Тужби против „Гугл“ќе поднесат Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и Велика Британија.
Елена Георгиевска