Шерон Стоун објави фотографија со модринка на окото и објасни: Не знаев каде сум

Од:

Актерката Шерон Стоун неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со огромна модринка на окото, што ги загрижи нејзините обожаватели.

Меѓутоа, 66-годишната холивудска ѕвезда набрзо потоа сними видео каде објаснува дека нема за што да се грижат и дека никој не ја претепал.

„Ова патување беше тешко, но јас сум посилна“, напиша таа под објавата.

Фотографијата на која позира пред лифт е направена за време на нејзиниот одмор во Турција, каде што е повредена. Таа го сними и видеото кое го објави додека била на одмор.

„Знам дека сите сте загрижени за тоа како ја добив модринката на моето око, па сакав да ве известам. Сум била во толку многу хотели во толку многу земји во светот што станав среде ноќ да одам во бањата и не знаев каде сум, па се удрив со лицето во мермер“, објасни таа. Зошто да не.

„Не, никој ништо не ми направи и да, добро сум и одлично се забавувам. Ме пречекаа многу убаво на моето патување каде и да сум била. Само најубаво си поминувам“, им порача на своите фанови.

Стоун потоа ги симна очилата за сонце и откри огромна модринка на нејзиното око. Таа изјави дека се чувствува подобро, а потоа се пошегува дека нејзините обожаватели требало да го видат мермерот на кој се повредила. На крајот таа им се заблагодари на обожавателите што се грижат за нејзината состојба.

Инаку, Шерон Стоун често патува. Таа неодамна беше во Италија на филмскиот фестивал, а ја посети и Франција.

Би можело да ве интересира

Шерон Стоун: Го изгубив старателството над мојот син поради сцена од филмот „Ниски страсти“

МИЛАНО: Шерон Стоун заврши во болница

А1он