Шер реши да се повлече од сцената: Сакам да имам пак 60 години, секаде сум најстара

Од:

Шер потврди дека е подготвена да се повлече од музичката индустрија по повеќе од 60 години успешна кариера. Таа изјавила дека нејзиниот следен албум најверојатно ќе и биде последен.

За време на настапот во театарот „Лицеум“ во Лондон, таа и се обрати на публиката и рече дека е време да ја заврши кариерата. Шер појасни дека е многу возбудена за нејзините нови песни и дека новиот албум ја одушевил, а потоа се пошегува на сметка на нејзините години.
„Стара сум, секаде сум најстара, освен кога сум во старечки дом“, рече таа.

Шер откри дека би сакала повторно да има 60 години. Таа призна дека не и било секогаш лесно да се справи со стареењето и дека најмногу сака да биде опкружена со млади луѓе.

„Ми се допаѓаат младите бидејќи многу мои пријатели не ме забавуваат толку многу“, вели таа.

Пејачката моментално е во врска со нејзиниот партнер Александар Едвардс, кој е 40 години помлад од неа. Нејзиниот одговор на критиките со кои се соочува поради големата разлика во годините е дека љубовта не знае математика.

Шер неодамна го објави првиот дел од своите мемоари со наслов „Шер: Мемоарите, прв дел“ каде откри дека со години не знаела кое име го пишува на нејзиниот извод од матична книга на родените. Во изводот на родените не пишувало Шерилин, туку Шерил, а пејачката тврди дека била шокирана кога дознала дека е така регистрирана.

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Гласини дека Барак и Мишел Обама го делат имотот по нивниот развод по 32 години брак

Предраг Петровиќ

Спасот од Холивуд го најде во шума

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Предраг Петровиќ