Сервис за раскинување врски

Од:

На мажите на кои тешко им паѓаат раскинувањата на врските и не можат да поднесат женски солзи, прашања и обвинувања, сега повеќе не мораат да смислуват начини како да го сторат тоа што безболно.

Имено, доволно е да се обратт до онлајн сервисот „Жал ми е, готово е“, кој за нив ќе ја „заврши“ целата работа.

Сервисот дава услуги со СМС пораки, мејлови, телефонски повици, писма, па дури и испраќање цвеќиња за збогување и подарок-корпа со вино, марамчиња и чоколада.

Цената изнесува од пет до 90 долари во зависност од пакетот што ќе го избере корисникот.

Најевтини се вообичаените пораки како „Многу сме различни“, „Не е до тебе, јас сум виновен“, „Се надевам дека ќе бидеш добро“, „И натаму можеме да бидеме пријатели“…

За 12 долари службеник на компанијата ќе ја повика поранешниот девојка и ќе ја пренесе лошата вест.

Како што кажуваат основачите, сервисот е наменет на срамежливите и интровертни лица, на кои раскинувањето тешко им паѓа и не можат да поднесат драматични ситуации.

Социолозите, од друга страна, во ваквите начини на раскинување гледаат уште една потврда на оттуѓување и неподготвеност да се соочиме со сопствените одлуки, колку и да се непријатени.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска