Бразилскиот култен метал бенд „Сепултура“ вечерва гостува во Скопје. Откако викендов одржаa концерт за паметење во Белград, бразилските легенди денес пристигнаа во Скопје и спремни се вечерва да растурат во МКЦ.
„Сепултура“ се инаку познати како бенд кој секогаш технички звучи перфектно, а новиот тапанар кој се вбројува меѓу петте најдобри тапанари во светот само допринесува нивната музика да добие што поквалитетен звук.
На 9 Jуни, т.е денес во МКЦ ќе имаме можност уживаме во еден од бендовите кој во раните 90ти години, заедно со уште неколку други бендови го обликуваше модерниот агресивен, брз и тежок металски звук. Со „еден тон“ дискографија позади своето име, се уште се водечка сила на светската метал сцена. Концертот започнува во 19:00, а билети ќе можат да се набават и на билетарата во МКЦ пред почетокот по цена од 1100 денари.