Селена Гомез се повлекува од сцената: Морам да го преиспитам мојот живот

Од:

Селена Гомез се расплака на бината, а потоа им порача на обожавателите дека повеќе не може да се поврзе со музиката, но и со самата себе.

-Се плашам. Морам да го преиспитам својот живот. Да размислам која сум. Никогаш не лажев, па нема ниту сега порача 24 годишната Селена Гомез.

Таа напиша драматична порака на социјалните мрежи и ги збуни фановите кои се прашуваат дали Гомез ќе продолжи со кариерата или ќе се повлече од сцената. Таа се расплака на сцената во Џакарта, а сите се загрижија за нејзиното здравје со оглед дека долги години се бори со депресијата.

-Одам на терапии. Луѓето постојано во лице ми велеа дека сум дебела. Беше одвратно. Јавно ме критикуваа поради дебелината и тоа ме уништи, рече тогаш Гомез.

Пред три години паузираше во кариерата и тогаш некои спомнуваа дека е трудна, а други тоа го објаснуваа со депресијата, додека некои за состојбата посочуваа на Џастин Бибер.

Причина сепак беше болеста поради која Селена мораше да го промени стилот на живеење.

-Боледувам од лупус и поради тоа ми е многу тешко да се носам со се околу мене, рече пејачката.

Би можело да ве интересира

Новопечената милијардерка Селена Гомез доби престижна награда

Предраг Петровиќ

Селена Гомез на удар поради војната на Блискиот Исток ФОТО

Предраг Петровиќ

Франсија Раисa донирала бубрег за Селенa Гомез

Наум Локоски