Секогаш сте гладни? Еве зошто

Од:

Во поголемиот дел од минатиот век, нашето разбирање за причината за дебелеењето беше базирано исклучиво на законите на физиката. Посебно на законот на термодинамиката, кој диктира дека енергијата не може да биде ниту создадена, ниту пак уништена. Кога станува збор за тежината на телото, тоа значи дека внесувањето на калориите минус трошењето калории е еднакво на складираните калории.

Опкружени со предизвикувачка храна, ние се прејадуваме, конзумираме повеќе калории отколку што можеме да согориме, а вишокот од калории се натрупува како сало (масти). Едноставното решение е да ја сузбиеме желбата и да јадеме помалку.

Проблемот е што тој совет не функционира, барем не кај повеќето луѓе на подолг рок. Со други зборови, вашата новогодишна одлука да ослабете најверојатно нема да истрае во текот на пролетта, а да не зборуваме за ефектите како ќе изгледате во костим за капење во јули. Повеќето од нас се подебели повеќе од кога било, и покрај големото фокусирање на балансот на калориите кој го препорачуваат владата за исхраната, и на прехранбената индустрија.

Но што ако го сме ги измешале причината и ефектите? Што ако прејадувањето не е тоа што предизвикува да се дебелееме, туку процесот на дебелеење е причината за да се прејадуваме?

Што повеќе калории затвораме во масното ткиво, толку помалку калории циркулираат во крвотокот за да ги задоволиме барањата на телото. Ако гледаме вака, тогаш проблемот е во дистрибуцијата на калориите. Ги избегнуваме калориите, но тие се натрупуваат на погрешно место. Како резултат од тоа, телото има потреба од зголемено внесување на храна. Стануваме погладни затоа што сме се подебели.

Тоа е како едема, вообичаената медицински состојба во која течностите истекуваат од крвните садови во околното ткиво. Без разлика колку течности пијат, луѓето со едема може непрестано да чувствуваат жед затоа што течностите не остануваат во крвта, каде што има потреба за нив. Слично на ова, кога масните ќелии вцицуваат премногу гориво, калориите од храната создаваат зголемување на масното ткиво наместо да ги задоолуваат потребите на телото за енергија, што предизвикува прејадување кај сите, освен кај најдисциплинарните индивидуи.

Ја разгледуваме оваа хипотеза во контекст на текст кој е објавен во Џама, Журналот на американската медицинска асоцијација. Според овој алтерантивен став, фактори во околината ги активираат масните клетки во нашето тело да внесуваат и складираат многу поголеми количини на гликоза и други состојки богати со калории. Затоа што помалку калории се достапни за да се напојува метаболизмот, мозокот му кажува на телото да го зголеми внесувањето на калории (се чувствуваме гладни), и да ја сочуваме енергијата (нашиот метаболизам успорува). Јадење повеќе привремено го решава овој проблем, но истовремено го забрзува добивањето на тежина. Намалувањето на калории го прекинува добивањето на тежина на кратко, што предизвикува да мислиме дека имаме контрола над тежината на нашето тело, но тоа неизбежно ја зголемува гладта и уште повеќе го успорува метаболизмот.

Земете ја грозницата како пример за ова. Капење во студена вода привремено ќе ја намали температурата на телото, но тоа исто така ќе ја исклучи и биолошката реакција – како што е тресењето и стеснувањето на крвните садови – а тие повтрно ќе ја подигнат температурата во нашето тело. Во тој смисол, конвенционалниот став за дебелеењето како проблем на балансот на калории, е како грозницата како проблем на балансот со топлината; технички ова не е погрешно но и нема многу да помогне, затоа што се игнорира биолошкиот нагон за добивање на тежина.

Токму затоа диеталната исхрана која се заснова на свесно намалување на калориите вообичаено не функционира. Само еден од шест возрасни лица со преголема тежина и дебелина, во националното истражување успеале да намалат барем 10 проценти од тежината во текот на една година. (Иако ова релативно скромно постигнување можеби е и претерано, затоа што луѓето тежнеат да ги преценуваат успесите во нивните одговори во анкетите). Во истражувањата кои ги спровеоа д-р Рудолф Леибел и неговите колеги од Колумбија, каде субјектите кои биле испитувани за дебелината им било давано помалку храна со цел да загубат од 10 до 20 проценти од тежината, се зголемувала нивната глад и метаболизмот забавувал. И обратно, повеќето јадење го забрзувало метаболизмот.

И при прејадување и со помалку јадење, овие реакции стремат да ја вратат телесната тежина онаму каде се започнало – што е причина некои истражувачи на дебелеењето да размислуваат за смислата на тежината на телото „како почетна точка“ која изгледа е предодредена од нашите гени.

Но, ако основните биолошки реакции притискаат против промените во телесната тежина, а нашите почетни точки се предодредени, тогаш зошто имаме толкава стапка на дебелеење – која кај возрасните е скоро три пати поголема отколку што била во 60-ите години од минатиот век – која пораснала толку многу? И она што е најважно е: што можеме да сториме во врска со тоа?

Како што излегува, многу биолошки фактори влијаат врз складирањето на калории во масните ќелии, меѓу кои се и генетските, потоа нивото на физичка активност, спиењето и стресот. Но еден фактор има несомнено посебно доминантна улога: хормонот на инсулинот. Знаеме дека поширок третман против дијабетес предзивикува зголемување на тежината, а помалку инсулин предизвикува губење на тежината. А од сето она што го јадеме, рафинираните и брзно сварливи јагленохидрати предизвикуваат најмногу инсулин.

Со ваквото размислување, зголемената количина и варењето на јагленохидрати во исхраната кај американците ги зголеми нивоата на инсулин, максимално ги складира масните клетки, и предизвикува биолошки реакции кои кај голем број луѓе доведуваат до дебелеење. Како инфекцијата која ја покачува почетната точка на телесната температура, зголеменото конзумирање на рафинирани јагленохидрати – чипсови, крекери, колачи, газирани пијалоци, житарици со шеќер, па дури и белиот ориз и лебот – ја зголемуваат телесната тежина на населението.

Една од причините зошто денес конзумираме толку многу рафинирани јагленохидрати е затоа што се тие додавани во обработената храна како замена за мастите – кои се главната цел во обидите за намалување на калориите уште од 70-ите години. Мастите имаат два пати повеќе калории од јагленохидратите, но диетите со помалку масти се помалку ефикасни од слични интервенции, како што дознаваме од неколку анализи, меѓу која е и една која беше презентирана на состанокот на Американската асоцијација за срцеви болести на почетокот на годинава.

Во една скорешна студија спроведена од д-р Лудвиг и неговите колеги, која беше објавена во Џама, биле испитувани 21 млади возрасни дебели и со поголема тежина лица, откако тие намалиле 10 до 15 проценти од нивната телесна тежина на основа на диети со ниски количини на масти до ниски количини на јагленохидрати. И покрај конзумирањето на иста количина на калории во двата вида диети, субјектите согорувале околу 325 калории повеќе секој ден со диета со ниски количини јагленохидрати, отколку со ниски количини масти – кои се додава на енергијата потрошена во еден час умерено интензивна физичка активност.

Во друга студија објавена од д-р Лудвиг и колегите во Лансет во 2004, се наведува дека исхраната со слаб квалитет може да резултира со дебелеење дури и кога таа има ниски калорични вредности. Глувци кои биле хранети со храна која има брзо сварливи (наречена висок „гликемичен индекс“) јагленохидрати, добиле 71 проценти повеќе на тежина отколку другите глувци кои севкупно јаделе повеќе калории, иако во форма на бавно сварливи јагленохидрати.

Овие размислувања не се сосема нови. Забелешката дека се прејадуваме затоа што се дебелееме е стара барем еден век, и била опишана од Гери Таубес во неговата книга „Добри калории, лоши калории“. На пример, во 1908 година, германскиот интернист Густав фон Бергман го отфрлил ставот за дебелеењето на основа на енергетскиот баланс, и поставил хипотеза дека дебелеењето е всушност предизвикано од метаболитичко пореметување кое е наречено „липофилија“ или „љубов кон мастите“. Но таквите теории воглавно биле игнорирани, можеби затоа што биле спротивни на вкоренетите размислувања во културата. Популарното поставување на баланс на калориите ја засилува вербата дека имаме свесна контрола над нашата телесна тежина, и дека дебелината претставува личен неуспех заради игнорантството и несоодветно силната воља.

Покрај ова, прехранбената индустрија – која прави огромни профити од обработените производи од пченка, пченица и ориз – се претставува како баласн на калориите во првата одбранбена линија. Па ако сите калориии се исти, тогаш не постои лоша храна, а зашеќерените пијалоци, брзата храна и слични нешта се добри ако се конзумираат умерено. Едноставно се работи за контрола на обемот на оброците. Фактот што ова ретко успева се зема како доказ дека дебелите луѓе имаат недостиг од воља, а не дека самата идеја можеби е погрешна.

За несреќа, досегашните истражувања не можат да дадат дефнитивна поткрепа за нашата хипотеза. Неколку познати клинички тестирања не покажале никаква разлика во губење на телесната тежина со примена на споредбени диети кои се разликувале во содржината на протеини, јагленохидрати и масти. Сепак, овие тестирања имаат големи ограничувања и на крајот субјектите кои учествувале во нив изјавувале дека не ги оствариле целите да се придржуваат кон препишаната диета. Не би ги отфрлиле потецијалните животоспасувачки третмани за рак на основа на негативните сознанија, ако испитуваните субјекти не ги земале лековите како што е препорачано.

Постојат подобри начини да се изведат овие истражувања. Испитувањата треба да им ја обезбедат на учесниците барем нивната омилена храна, со што ќе им се помогне да се држат до препорачаните диети. Во две истражувања се применило ова – првото од Дајрект груп во 2008, и второто од Проектот Диоген во 2010 – и кои известија за забележани успеси поврзани со намалување на брзо сварливи јагленохидрати во споредба со конвенционалните диети. Мораме да инвестираме повеќе во вакви истражувања. Кога годишниот економски товар од дијабетесот – компликација која е само една од многуте поврзани со дебелеењето – се проценува дека до 2020 година ќе стигне до половина трилион долари, тогаш најсовремено истражување кое би чинело само неколку милијарди долари може да изгледа како добра инвестиција.

Ако оваа хипотеза излезе дека е точна, тоа веднаш ќе има импликации во јавното здравје. Тоа ќе значи дека со децении долгото фокусирање на намалување на калориите за многу луѓе судбински ќе биде неуспешно. Информаците за содржината на калориите ќе станат нерелевантни, не толку во однос на стратегијата за намалување на телесната тежина, туку за да им се помогне на луѓето помалку да јадат премногу обработена храна полна со брзо сварливи јагленохидрати. Но третманот на дебелината ќе треба соодветно повеќе да се фокусира на квалитетот на исхраната, наместо на количината на калории во истата.

Луѓето во модерната исхраната по се изгледа имаат поголема контрола во врска со тоа што го јадат, отколку со тоа колку многу јадат. Со намалено конзумирање на рафинирани житарици, концентриран шеќер и на производи од компири и друго од чувствителниот избор за нашиот животен стил, нашиот внатрешен систем за контрола на телесна тежина ќе може да го направи другото. На крајот, можеме почетната точка на нашата телесна тежина да ја вратиме назад на нивото пред почеток на епидемијата. Справувањето со зголемениот биолошки нагон да се прејадуваме може да доведе до попрактични и поефикасни решенија за дебелеењето, отколку само броењето на калориите.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава