Иако на повеќето деца им се советува да јадат многу зеленчук и овошје за да пораснат и да бидат силни, по се изгледа еден седумгодишен Кинез немал проблеми со своите порции со спанаќ.
Јанг Јинлонг од Чузхоу тежи повеќе од 50 килограми, а доволно е силен за да може да повлече автомобил, да го носи својот татко на грб и без проблеми во туркање на рака да победи и три пати постари лица од себе.
Благодарение на својата сила ова момче стана многу популарно во Кина, а неговите сограѓани се надеваат ќе остварува брилијантни резултати како романските браѓа Џулијан и Клаудио Строе.
Имено овие момчиња на возраст од пет и седум години се прогласени за најсилни момчиња на светот. Постариот брат Џулијано во 2009 година влезе во Гиносовата книга на рекорди, откако го собори рекордот во најбрзо минување на десет метри движејќи се на раце, држејќи при тоа тег меѓу нозете. Во 2010 година го урна светскиот рекорд во воздушни склекови.