Насилниците не се воопшто глупави, туку многу паметни и ќе пронајдат начин емотивното, но и физичкото злоупотребување да изгледа како искрена, длабока и стравствена љубов.
Не дозволувајте да ве залажуваат. Следуваат седум знаци дека сте жртва на злоупотребување:
Ви вели дека ве сака само за себе.
Тој ви вели дека не сака да поминува време со други луѓе, бидејќи сака секој слободен момент да го поминете со него. Сака да знае точно каде сте, со кого сте, што правите. Но тоа дека сте пар не значи дека не смеете да бидете раздвоени. Дозволено ви е да имате време, кое ќе го посветите на самите себе си, како и на другите луѓе кои ги сакате.
Ви вели дека ви верувам вам, но не им верува на другите
Убаво е да знаете дека партнерот е заштитнички настроен, убаво е да имате некој, кој ќе провери дали безбедно сте стигнале дома или кој ќе ги замолчи оние кои ви дофрлуваат на улица. Но доколку не ви дозовлува да правите работи, кои ги сакате, бидејќи е загрижен, ја преминал границата меѓу заштитата и контролата. Од никого не ви треба дозвола да го живеете својот живот.
Ви се заканува дека ќе стори нешто лудо, доколку го оставите
Тој вели дека не може да живее без вас. Страстен е? Да. Манипулативен? Да. Никогаш не смеете да почувствувате дека токму вие сте личноста, која го држите неговиот живот во совршен ред, тоа е премногу притисок за врската, која би требала да ви донесе поеднакво задоволство и на него и вам.
Се обидува да ве купи со подароци
Би требало да ве придобие на начин на кој нема да ве повредува. Подарокот е само обид да ве наведе да верувате дека извинувањето е искрено. Фактот дека троши многу пари на вас не значи дека навистина се грижи за вас.
Се оправдува со зборовите „Затоа што многу те сакам“
„Те сакам“ не е изговор за какво било несоодветно однесување. Чувствата на партнерот не се причина да промените нешто во вашиот живот. Не морате да се облекувате на одреден начин или да престанете да се гледате со пријателите, затоа што тоа нему не му се допаѓа. Љубомората на почетокот е слатка, но постои тенка граица меѓу здравата доза на љубомора и обидот за контрола.
„Ќе биде поинаку, ќе се променам“
Кога ќе стори нешто за што знае дека нема оправдание, ви се колне дека знае дека згрешил и ветува дека ќе се промени. Доколку тоа го кажал повеќе од еднаш и се уште не се променил, никогаш нема да се промени. Заслужувате подобро !
Доколку навистина ме сакаш, тогаш…“
Доколку некоја негова изјава почнува вака, тоа е класичен знак на манипулација. Не морате да сторите ништо од тоа што го бара за да ја докажете љубовта. Кога сте во здрава врска никогаш нема да бидете изманипулирани или исконтролирани.