Се здебелил осум килограми јадејќи само „здрава и немрсна“ храна

Од:

Австралискиот актер Дејмон Гамо се здебелил осум килограми, откако 60 дена јадел само „здрава и немрсна“ храна, како јогурт, житарки, стапчиња од мусли и сокови.

Овој „експеримент“ на Гамо бил дел од проектот за разоткривање на скриените шеќери во т.н. „здрава храна“.

Лекарите по целосниот преглед на Гамо заклучиче дека 60-дневниот експеримент го довел актерот во опасност од замастување на црниот дроб, како и дека нивото на маснотии во неговата крв се зголемило за седум отсто.

За ова искуство Гамо снимил и документарец под наслов „Тој сладок филм“, во кој се објаснети ефектите од конзумирањето на по 40 кафени лажички шеќер во денот, колку што просечно дневно во својот организам внесуваат возрасните Австралијци.

– Мислам дека неможете да не биде шокирани кога ќе откриете дека просечен возрасен Австралец дневно конзумира по 40 лажички шеќер, изјави Гамо.

Светската здравствена организација препорачува внесување во организмот на најмногу шест лажици шеќер дневно.

– Шеќерот денес е скриен во толку многу производи што е тешко точно да се пресмета. Како резултат на тоа се вртат разни приказни, наведува Гамо.

Во рамките на истражувањата водени под контрола на лекар, актерот и режисер Гамо го зголемил внесот на шеќер во организмот јадејќи т.н. „немрсна храна“. Од неговата исхрана биле исклучени вообичаените „виновници“ за внесување на преголеми количества шеќер во организмот, како газираните пијалаци, чоколадата или сладоледот.

Само една порција житни култури со јогурт и чаша сок се доволни во организмот да се внесат половина од препорачаното ниво на шеќери.

– Посебно се загрижив за децата кои појадуваат вакви работи. Нивото на нивниот шеќер се менува нагоре-надолу како јо-јо, додава Гамо.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он