Алекс Пелинг и Лиза Гант се Британци кои една вечер, со по некоја чаша вино, дојдоа на оригинална идеја. Нивната одлука беше да го пропатуваат светот, да истражуваат локации погодни за венчавки, и притоа, одново и одново да се венчаваат на такви интересни места.
Неодамна, Алекс и Лиза се венчаа во Њујорк, каде уште еднаш се заколнаа на верност, пред Марта Стјуарт која сама се нафати да им ја организира венчавката откако изгледала интервју со нив двајца на телевизисата емисија Today Show.
Вечните младоженци раскажуваат дека сето тоа започнало како едноставна идеја, бидејќи првично планирале да водат блог за своите патувања. За блогот да го направат да биде нешто посебно, сакаа да пишуваат за необични места за венчавање. Во еден момент дојдоа на идеја блогот да го направат уште поспецијален со тоа што токму тие ќе се венчаваат на местата кои сакаат да ги промовираат, па на читателите од прва рака да им го пренесат искуството.
Досега, Алекс и Лиза се имаат венчано 26 пати, а во план имаат истото да го повторат уште околу 40-тина пати. На пат околу светот се веќе 15 месеци, а како имаат испланирано тоа да трае уште една и пол година.