Се бараат грди луѓе за реклами

Од:

Можеби понудата од насловот на текстот звучи навредливо, но зад неа стои искрено настојување на светскиот Клуб на грди, што се залага за вистинити и веродостојни туристички реклами.

„Најлоши се рекламите за одмор што вклучуваат голферски активности, со сите тие лица со изразот ’многу сум среќен што сум тука’. Дали тие се навистина среќни и по 118-та рунда? Можеби не ги пресметале 11-те изгубени топчиња? Ништо подобри не се ниту рекламите за летувања на море. Сите се совршено градени, никој нема целулит, ниту сало. Или нереално среќните семејства кои радосно го вечераат оброкот што го добиле по најповолна цена, а нема ниту трага за било каква дисхармонија, нефункционалност или, не дај боже, дијареја. И крстарењата: фотографија за фотографија со насмеани лица кои се забавуваат како никогаш до тогаш, позираат над мала порција риба, која на следната фотографија во крупен кадар ќе изгледа значително поголема“.

Ова за Си-Ен-Ен го пишува Кевин Пајли, во текстот под наслов „Се бараат: Грди луѓе за реклами“. Тој е почесен член на „Клубот на грдите“ (Club dei Brutti) чие седиште е во италијанското градче Пиобико.

Клубот ширум светот има повеќе од 30.000 членови и еднаш годишно, во септември, организира собир од фестивалски тип.

Пиобико се стави на светската туристичка мапа како место чиј заштитен знак е „грдотијата“.

Рекламните кампањи ги следат слоганите како што е „Место каде грдите се чувствуваат како дома“, додека на главниот градски плоштад доминира „грдата статуа“.

Занимливиот план беше „проголтан“ бидејќи набрзо и бројни градови ширум светот почнаа да се приклонуваат кон трендот „Грдото е новото Убаво“. Меѓутоа, Пајли објаснува дека не станува збор за погрдна ознака „грдо“, туку е термин употребен за да не се направи шега во однос на сето „убаво“ што ни се нуди во рекламите.

Според него, толкава совршеност во рекламирањето може да произведе негативен ефект, па „грдото“ да се наметнува како многу поприфатливо, и на обичните смртници како повистинита понуда.

Необичниот пример го следеше Чешка, која минатата зима организираше необични скијачки аранжмани за оние кои не знаат да скијаат, но сакаат да се најдат во тој снежен амбиент. Со сличен потег се раководеше и хотелот „Ханс Бринкер Будгет“ во Амстердам, што себе се опишува како хотел што „веќе четири децении поносно ги разочарува своите гости“, а сето тоа заради едноставноста и непостоењето на лажен луксуз и комфор.

Една од рекламите што го инспирира Пајли е минатогодишниот интернет хит- небично обичната реклама за чизми што одушеви бројни луѓе ширум светот.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските