Роналдо и го честита Денот на вљубените на Џорџина со фотографија од почетокот на нивната врска

Од:

Кристијано Роналдо и посвети емотивна објава на својата партнерка Џорџина Родригез за Денот на вљубените, а интересно и го честиташе празникот со една од нивните први заеднички фотографии направена од папарацо.

Фудбалерот објави порака на Инстаграм на која пишува: „Мојата една и единствена сакана. Засекогаш“. За честитката искористи фотографија направена на почетокот на нивната врска, кога сè уште се обидувале да се сокријат.

„Моја голема љубов“, одговори Џорџина.

Родригез неодамна го прослави својот 31 роденден, а Кристијано имаше само пофални зборови за својата партнерка. Иако Џорџина и Кристијано не се венчаа, тој ја нарече сопруга.

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се во врска од 2016 година, а се запознале во продавницата на Гучи каде што работела Џорџина Родригез.

Парот има пет деца, а Џорџина е биолошка мајка на Алана Мартина и Бела Есмералда.

За потсетување, Роналдо го има 14-годишниот син Кристијано Џуниор, а тој се уште не го открил идентитетот на неговата биолошка мајка. Покрај тоа, тие ги имаат и близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка.

Би можело да ве интересира

Белата куќа со ново видео ја шокираше јавноста: Кејти Пери итно се огласи

Предраг Петровиќ

Севиља испрати дресови за деца во една од најсиромашните земји во светот, нивната реакција ќе ве воодушеви

Предраг Петровиќ

Свештеник од САД под истрага: Црковните донации ги трошел на проститутки за време на патувањата во Мексико

Жена уапсена бидејќи ѝ ги сошила усните на цимерката со игла и конец

Spotify отстрани повеќе од 75 милиони песни создадени со вештачка интелигенција

Предраг Петровиќ

Експлозија во болница во Грац: Пациентка запали цигара додека примаше кислород