Ролована баклава со ореви, чоколадо и бисквити

Од:

Потребно е:

12 кори за баклава
300 гр мелени ореви
150 гр мелени посни бисквити
150 гр посно чоколадо, изрендано
6 лажици гриз
150 мл масло
5 лажици шеќер
околу 150 мл вода

за шербетот:
700 мл вода
600 гр шеќер

и уште:
масло и вода за премачкување на корите (заедно околу 100 мл)

Подготовка:
– Прво направете го шербетот. Во сад на рингла ставете ги да се варат шеќерот и водата околу 15 минути. Треба да се добиете густ шербет. Оставете да се излади.

– Почнете со подготовка на баклавата. Измешајте ги сите состојки за баклавата. Додадете ги и водата и маслото и убаво измешајте.

– Ставете ја првата кора и премачкајте ја со измешаните вода и масло (околу 100 мл). Одозгора ставете ја втората кора и таа исто намачкајте ја но помалку. На едниот крај ставете 1/6 од филот (види слика).

– Малку свиткајте ги на внатре краевите на корите за да не излезе филот додека ја печете баклавата. Замотајте ги корите како ролат. Истата постапка повторете ја со останатите кори.

– Наредете ги во намастена со масло тава и ставете да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени додека да добие златно-жолта боја.

– Извадете ја баклавата од рерна и прелијте ја со изладениот шербет. Оставете убаво да се излади и да го впие шербетот. Исечете ја на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

„Златанбургер“ за 30 евра

Емир Латифовиќ

Ќе поскапат јајцата поради новиот начин на одгледување несилки

Емир Латифовиќ

Германија: Пченката со афлатоксин е од Србија

Емир Латифовиќ

Спорното млеко на „Дукат“ не стигналo до потрошувачите во Македонија

Емир Латифовиќ