Многу вкусен и сочен ролат од месо …
Потребно е:
1 кг мелено месо
1 голема главица кромид
5 чешниња лук
1/2 лажиче сув зачин мајчина душичка
2 лажици масло
5-6 стебленца целер
2 зелени пиперки
2 црвени пиперки
1 поголем морков
1 китка магдонос
150 мл млеко
100 гр овесни снегулки
200 мл кечап
2 лажичиња сенф
1 лажиче сол
1/2 лажиче бибер
1 јајце
Подготовка:
– Ситно исецкајте го кромидот. Во тава на масло пропржете го заедно со ситно сецканото лукче, мајчината душичка и ситно сецканите стебленца целер. Пржете додека да омекнат. Тргнете го садот на страна и оставете да се излади содржината во тавата.
– Целиот зеленчук исецкајте го на коцки. Морковот може и да го изрендате. Ситно исецкајте ги и листовите магдонос.
– Во подлабок сад прво ставете ги овесните снегулки и полијте ги со млеко. оставете ги неколку минути да се натопат. Потоа додадете го морковот, пиперките и магдоносот. Измешајте. Додадете ги кечапот, сенфот, сол, бибер и јајцето. Убаво измешајте.
– Меленото месо додадете го на крај. Со раце убаво измесете ја целата содржина но не многу долго.
– Тавата во која ќе го печете ролатот од месо обложете ја со алуминиумска фолија. На дното ставете и хартија за печење.
– Подготвеното месо поделете го на два дела и ставете ги во тавата. Обликувајте ги ролатите.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 1 час. Треба да добијат убава златно-кафена боја.
– Печените ролати оставете ги 15-тина минути да се изладат, исечете ги на парчиња и послужете.