Роби Вилијамс тврди дека го губи видот

Од:

Британскиот пејач Роби Вилијамс изјави дека во последно време има сериозни проблеми со видот, за кои верува дека се поврзани со инјекциите за слабеење што ги користи.

Вилијамс, кој јавно зборуваше за своите борби со тежината и менталното здравје во последните години, за британскиот весник „The Sun“ изјави дека бил меѓу првите корисници на вакви производи и дека развил заматен вид, што го поврзал со употребата на овие лекови.

„Сакам да ги предупредам луѓето да бидат добро информирани. Забележав дека мојот вид не е добар“, рече пејачот, додавајќи дека повеќе не може јасно да ги види некои посетители на концертите, а дека фудбалерите на натпреварите изгледале „како дамки на зелен терен“.

Би можело да ве интересира

Актерката за љубовната средба со Роби Вилијамс: Тој избега од станот..