Рендана слатка пита

Од:

Едноставно ќе ја подготвите, а ќе ви приреди едно убаво слатко уживање…

Потребно е:

300 гр брашно
1 лажица кисело млеко
125 гр путер
100 гр шеќер
3 жолчки
1/2 кесичка прашок за пециво
на врв на нож сол

за филот:

120 гр шеќер
75 гр мелени ореви
3 белки
2 лажици мармалад од шипки
шеќер во прав, за посипување

Подготовка:

– Во еден сад ставете ги брашното, сол, шеќер, прашок за пециво, жолчките, на листови исечениот путер и киселото млеко. Замесете  тесто. Замотајте го во пластична фолија и ставете го да стои во фрижидер од 30 до 40 минути.
– Округла тава со дијаметар од 24 см премачкајте го со масло и посипете со малку брашно.
– Извадете го тестото од фрижидер и поделете го на три дела. Двата дела изрендајте ги на крупно ренде на дното на тавата.
– Изматете цврст снег од белки, постепено додавајте го шеќерот и останатите состојки и матете додека да добиете хомогена смеса. Оваа смеса сипете ја преку наренданото тесто во тавата и израмнете ја со силиконска лажица.
– Одозгора изрендајте го преостанатиот дел од тестото.
– Ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40-45 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печена.
– Печената пита оставете ја да се изпади, исечете ја по желба, посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски