Редовно вежба јога – неодамна го прослави својот 108 роденден

Од:

Џоан Хелен Дајк, една од најстарите жени во Велика Британија, неодамна го прослави својот 108 роденден, јавува „Би-Би-Си“.

Преживеала две светски војни, а сега живее во дом за стари лица, каде редовно вежба јога со другите жители и верува дека таа е заслужна за нејзината долговечност.

„Знам дека мојот динамичен начин на живот го одржува моето здравје, и физички и психички. Особено уживам во јогата и храната. Имав навистина среќен живот. Не можев да издвојам само еден спомен бидејќи ги имаше премногу. Беше прекрасно да го прославам мојот роденден во друштво на моите најблиски и му благодарам на тимот за грижа што организираше се“ – вели таа.

Работела како воспитувачка во градинка, а за време на Втората светска војна била офицер во армијата.

Таа се омажи за Хју Дајк со кој доби две ќерки Жил и Синтија, а денес ужива во друштвото на своите внуци и правнуци.

Својот 108 роденден го прославила во дом за стари лица во Шрусбери, каде живее веќе шест години. Таа доби и роденденска честитка од кралот Чарлс.

„Џоан е многу популарна меѓу жителите и сè уште учествува во активности во домот. Беше задоволство да ни се придружи Џоан, нејзиното семејство и пријателите во прославата на овој неверојатен роденден. Таа сè уште е многу енергична и весела и не покажува знаци на забавување или чувство на замор”, изјави Клер Харис, менаџерка на домот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Јога со Гога“ – Силјановска се релаксира во Охрид

Кристијан Ландов