Разлики меѓу среќните и несреќните двојки

Од:

Жените многу почесто од мажите за проблемите во врска го обвинуваат партнерот, додека двојките кои разговараат за проблемите се посреќни, покажуваат резултатите од најновот истражување.

Жените повеќе од мажите го обвинуваат партнерот, а експертите утврдиле и дека лицата кои се незадоволни од односот со партнерот повеќе време поминуваат размислувајќи за тоа како се несреќни и налутени, додека среќните двојки разговараат за проблемите.

Професорката по комуникации од Универзитетот Тексас, Анита Вангелисти, раководител на истражувањето, тврди дека кај среќните двојки, додека едниот партнер размислува за караниците, причините за несогласување или лутењето, другиот често размислуваат за тоа како да се реши проблемот и како да го разбере својот партнер.

Професорката Вангелисти истакнува дека мислите кои ги имаме во текот на караницата го одржуваат и обликуваат нашето лично задоволство од врската и дека исто така можат да влијаат и на среќата на партнерот.

Во истражувањето учествувале 71 млади невенчани двојки, кои се во врска најмалку три години.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека двојките најчесто имаат караници поради парите, поранешните партнери, конзумирањето алкохол и пријателите и роднините кои не ја одобруваат нивната врска.

Истражувањето покажува и дека двојките во несреќните врски во текот на конфликот многу често не сакаат да го променат сопственото мислење, ниту пак да попуштат, па многу често ја менуваат и темата на расправа. Исто така, нивните караници за исти проблеми често се повторуваат.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска