Kозјото и кравјото се разликуваат најмногу по бојата, вкусот и мирисот.
Козјото млеко содржи помалку натриум, а повеќе калиум и хлориди. Содржи помалку железо, фолати и витамин Д, па доенчињата кои се на исхрана само со козјо млеко можат да заболат од еден вид на анемија, т.н. мегалобластна анемија, која се јавува како последица на недостаток на фолати и витамин Б12. Поради опасноста од бруцелоза, козјото млеко треба да се свари веднаш после молзењето.
Во однос на кравјото, козјото млеко содржи повеќе есенцијални масни киселини и полесно е за варење, бидејќи неговите масти се составени од помали честички, за разлика од мастите од кравјото млеко, кои се потешки за варење. Калориската вредност на козјото млеко е скоро иста со онаа на кравјото.
Козјото млеко е добар извор на минерални материи, кои му се потребни на човечкиот организам. Одличен е ивор на витамини. Еден литар козјо млеко ја содржи дневната потреба за витамини за човечкиот организам.
Белковините од козјото млеко се слични со белковините во мајчиното млеко.