Хрватскиот рапер Лудин на неговиот профил на Фејбук објави интересен оглас со кој привлече големо внимание на понежниот пол.
Имено, музичарот сака да замине на пат околу светот и бара девојка која ќе му прави друштво. Иако, многумина мислат дека тоа е само шега, Лудин уверува дека е сосема сериозен.
„Се бара девојка која е доволно луда да земе куфер или ранец на грбот и заедно со мене да ја напушти оваа прекрасна земја. Мора да биде убава, романтична, скромна, паметна, вредна и запалена.
Прво одиме во Европа, а потоа ќе видиме. Ќе останеме таму каде што ќе не почитуваат и каде не мораме да мислиме дали ќе добиеме плата или не. Не ни треба многу пари. Само за билет и храна, а за другото ќе се снајдеме работејќи чесна работа.
Ќе пиеме вино кое не е скапо во Париз на покривите на зградите, ќе ручаме кај нашите гастербајтери во Германија, а данокот ќе го плаќаме во Монте Карло. Ќе спиеме на плажите на Азурниот брег, а ако биде стдено, те носам во Австралја.
Кога ќе сакаме да се разладиме, одиме за Канада и ако некогаш бидеш тажна, одиме за Данска, затоа што велат дека тоа е најсреќната земја во светот.
Не треба да се плашиш за пријатели, затоа што низ целиот свет ги имаме повеќе од 50.000, кои се иселиле во последните две години.
Кога ќе прашаат од каде сме, ќе лажеме, затоа што нема да разберат зошто заминуваме од така убава земја.
П.С. Споделете го мојот статус и да тргнеме веднаш“, стои во огласот.
Објавата на Лудин за брзо време се прошири по социјалните мрежи, а во коментарите тој и самиот истакнува дека е изненаден од тоа, но и дека веќе добива некои „многу интересни понуди“.