Работи од кои старееме пребрзо, а не сме свесни

Од:

Никој не сака да остаре пред време. Во секој случај, не треба да се гледа на годините, туку на она колку некој е активен и витален, и ментално и физички. Следуваат неколку работи кои влијаат побрзо да остареме, а притоа не сме свесни за тоа.

Перница

Сите знаеме дека доволно сон е секогаш добро за здравјето. Но, кога зборуваме за перницата, експертите велат дека таа ја впива влажнста од нашето тело, што доведува до стареење на кожата. Уште полошо, перницата може да биде таква да остава брчки и линии на лицето. За да се спречи тоа, најдобро е навлаката за перница да биде од свила, која содржи амино киселини слични на оние кои ги наоѓаме во хидрантните креми.

Смеење

Можеби имате убава насмевка, но гримасите кои гои правите додека се смеете, како и другите гримаси на лицето, доведуваат до создавање брчки на лицето. Кожата со годините ја губи еластичноста и нема можност да се врати „на место“ онака како што тоа можела во младоста.

Клима и централно греење

Околината во која владее ниска влажност поради централното греење или климата доведува до сушење на кожата, а кај сувата кожа брчките се најизразени. Поради тоа се препорачува да се облекувате во слоеви и така да го разладувате или загревате организмот, наместо да ја вклучувате климата.

Сламки и шишиња

Не се препорачува често да пиете директно од флаша, бидејќи така создавате брчки околу усните.

Телевизија

По 25-та година, секој час поминат покрај телевизорот го скратува животот за 21,8 минути, е резултат на истражувањето од 2011 година. Тие кои гледаат телевизија шест или повеќе часови дневно живеат 4,8 години покусо отколку оние кои не гледаат телевизија. Освен тоа, со седењето пред телевизор често оди и неконтролирано земање храна, што доведува до дебелеење.

Шеќер

Шеќерот е лош за линијата, но слатките исто така штетно влијаат на колагенот и еластинот, кои се потребни за да кожата остане затегната и мазна. Експертите велат дека слатките треба да се заменат со јаглени хидрати со низок гликемиски индекс, што е цело зрно житарки, поради тоа што организмот ги вари многу побавно, што го ограничува губењето на колаген и еластин.

Задржување на бесот

Кај луѓето кои го задржуваат бесот во себе постои четири пати поголема веројатност од прерана смрт.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска