Работи кои никако не треба да ги правите пред спиење

Од:

Работите кои ги правите непосредно пред спиење влијаат на квалитетот на сонот и на тоа дали ќе се одморите и утредента ќе бидете подготвени за новиот ден. 

Бизнис Инсајдер разговараше со експерти во врска со навиките кои ги имаат нај успешните луѓе кога се работи за сонот.

Во продолжение прочитајте кои навики треба да ги заборавите ако сакате квалитетен и продуктивен сон.

Оставете ја работата.

Вистински успешните луѓе никогаш работата не ја носат со себе во кревет, вели Мајкл Кер, меѓународен портпарол и автор на книгата „The Humor Advantage”. Тие не го проверуваат опсесивно својот меил и се обидуваат да не мислат на нешта поврзани за својата работа. Мајкл Вудворд, психолог и автор на книгата „The YOU Plan” го дели неговото мислење.

„Последна работа која треба да ја правите е да лежите во кревет и да размислувате за меиловите на кои треба да одговорите. Усвојувајте навики работата да ја оставите пред да појдете на спиење”.
Исклучете се во целост.

Не треба да се исклучите само од работа, туку и во целост од останатите грижи, а експертите го делат мислењето по прашањето за тоа дека гледањето во било каков екран пред спиење ви прави повеќе штета од корист.

Синото светло на екранот емитира светлина на сонцето кое на нашиот мозок дава сигнали да престане да произведува мелатонин, хормон кој го регулира сонот. Нарушеното лачење на мелатонинот доведува до проблем со видот, рак и депресија.

Поради тоа, престанете да ги проверувате меиловите, социјалните мрежи и да играте игри на телефонот. Иако на почеток може да ви биде тешко, со време тоа ќе ви стане навика, но добра навика со која ќе направите многу за своето здравје. 

Би можело да ве интересира

Научници докажаа дека луѓето можат да учат додека спијат

Како некои луѓе спијат четири часа, а работат двојно повеќе?

Наум Локоски