Мажите и жените се бакнуваат од различни причини. За мажите бакнежот е начин да дојде до секс, а жените се бакнуваат за да проверат дали тој партнер им одговара.
Можеби ќе звучи чудно, но жените се тие кои попрво на првиот состанок ќе го бакнат мажот, отколку тој да го направи првиот чекор. Во проценти, 54 отсто од жените се одлучуваат на првиот чекор.
Без разлика дали се леваци или деснаци, повеќето луѓе при бакнувањето ја вртат главата на десна страна.
Бакнувањето е здраво. Бакнувањето е начин за борба против стресот, а научниците велат и за борба против холестеролот.
Мажите повеќе уживаат во првиот бакнеж отколу жените. Тие исто така многу повеќе стравуваат како тој прв бакнеж ќе изгледа отколку мажите. Иста работа е и со првиот секс со нов партнер, пишува Тајм.