Работи кои мажите треба да ги заборават

Од:

Некои работи засекогаш ќе бидат резервирани за вистинските мажи.

Читање на вц шоља, влакнести нозе, запуштена брада и избегнување на одвишни аналитички разговори на кои што инсистираат жените. Но, некои работи со тек на времето го губат својот мачо призвук и стануваат симбол на нешто друго. Тетоважи
Нешто што стана незаобиколен мотив на стомакот или грбот на секоја тинејџерка, едноставно не можеше да ја задржи репутацијата на машкост. Иако некогаш симболизираа бунт и спротиставување на конзервативните норми, тетоважите денес се моден додаток кој поради претераната застапеност стана безначаен и изживеан. Па така, фраерите тетовирани по бицепсите, грбот и прешироките вратови изгледаат повеќе искомплексирано и демоде, отколку фраерски.

Лов

Убивањето животни сеуште се смета за спорт? Ова на никого во денешно време не му звучи кул и прифатливо. Нормално, ловците веднаш ќе понудат аргументи на оваа тема уверувајќи не дека придонесуваат за одржувањето на природните циклуси, бла, бла, но на ниедна (нормална) жена нема да и се стресат колениците од возбуда кога ќе здогледа горд маж кој во едната рака носи глава на прекрасен елен, во другата распартален фазан, а на појасот шепа од мечка.

Ладно оружје и сечива

Двобои, одбрана на честа, резбани мечови и зашилени бркови се мотиви кои некогаш звучеле мажествено. Меѓутоа, денес нивното користење е еден од најнемажествените начини да се пресметате со некого. Ножот како фалусен симбол на насилство број еден, наскоро на пиедесталот ќе го замени пиштолот (поточно, цевката), па така на да секој маж кој сака да ја заштити својата машкост не му преостанува ништо друго освен да се откаже во целост од насилство (тешка одлука, знаеме) или да го претепа противникот до смрт.

Мотори

Исто како и тетоважите, во минатото симболизирале слобода, независност и бунт. Меѓутоа, денес не е така, па нивното поседување значи или дека сте мамин син или дека ве фатила средовечна криза.

Кожа

Денес можеби да се дискутира дали воопшто облеката од кожа некогаш била секси и мажествена или само добро им стоела на Марлон Брандо и Траволта. Нека остане потисната во минатото како никогаш да не се случила.

Додворување

Иако веројатно постојат жени кои не би се сложиле, додворувањето е аут. Драматизирање, читање стихови, бакнување раце, клечење и слични работи, на повеќето од припадничките на понежниот пол ќе им предизвикаат негативна реакција. На нив им треба вистински маж, а не лигле. Лиглето може да им биде другар, рамо за плачење.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ