Првите патики „Ер Џордан“ продадени за 560.000 долари

Од:

Кошаркарските патики со потпис на НБА-ѕвездата Мајкл Џордан, коишто тој ги носел во својата прва – „руки” сезона во Чикаго булс, беа продадени на интернет-аукција за рекордна сума од 560.000 долари, објави аукциската куќа „Сотби’с“.

Првично се очекуваше патиките познати како „Ер Џордан 1“, од 1985 година, за да бидат продадени за 100.000 до 150.000 долари. Тоа е првиот модел којшто Најки го дизајнираше посебно за Џордан, за неговата прва професионална сезона за тимот на Булс, пред 35 години.

Досегашниот рекорд, во таа смисла, му припаѓаше, исто така – на Најки. Оттаму лани продадоа чифт патики за џогирање „Мун Шуз”, од 1972., за 437.500 долари.

Би можело да ве интересира

Џордан е најплатен спортист во историјата, Роналдо е петти

А1он

Пипен не е навреден од Џордан за „Последниот танц“

Ана Ололовска

Мајкл Џордан донираше 100 милиони долари во борба против расизмот

А1он

Џордан: Единствени против расизмот, доволно беше

Ана Ололовска

ЕСПН наброи 20 члена на „Куќата на славните“ кои Џордан ги исфрли од НБА плејофот

Ана Ололовска

Мајкл Џордан: Го сакав Коби, тој за мене беше како помал брат

Ана Ололовска