Локалниот историчар Есбен Браге пронајде до сега непозната бајка од данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен, за која се претпоставува дека веројатно е неговото прво дело.
Дневниот весник „Политикен“ пишува дека бајката е пронајдена меѓу документите во државната архива за Данска за Фин и Оденсе.
Весникот наведува дека водечките дански експерти, со оценка дека станува збор за сензационално откритие, потврдиле дека се работи за бајка на Андерсен под наслов „Свеќата која брои“, која тој ја подарил на извесна „Мадам Бункефлод“.
Бајката е пронајдена во октомври оваа година.